Скопје/Охрид, 15. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.652.785 дози вакцини, а ревакцинирани се 784.833 граѓани, трета доза вкупно примиле 54.170 граѓани. Во петокот и во саботата вкупно се вакцинирале 4.684 граѓани. Прва доза во петокот и во саботата примиле 1.133 граѓани, а трета доза примиле 2.635 граѓани. 58% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина, 47% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 39% од вкупното население има примено една доза вакцина, а 38% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 56% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирај се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство