Охрид, 16. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид повикуваат на нова акција за расчистување на отпад, кој неодговорни поединци го фрлаат на бројни локации во градот и околината.
– Да го завршиме тоа што го почнавме пред два месеци. Во недела, на 21-ви ноември 2021 година, во 10:00 часот, Енхелеус Ве повикува на акција за расчистување на отпадот кај месноста „Паднати борци“, на патот за Велестово. Збирно место е пред седиштето на Национален парк „Галичица“. Акцијата е поддржана од Националниот парк „Галичица“ и ЕКО Здружението ЕКО-ФАП, информираат од Енхелеус Лихнид.
Додаваат дека на акцијата е добредојден секој кој сака да се активира за нашиот Охрид.
Акцијата ќе биде организирана со запазување на протоколите за заштита од Covid-19 и сите учесници треба да носат маска и ракавици. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива