Струга, 18. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување на изборен матерјал“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 67-годишниот К.С. од струшкото село Октиси.
– Тој, на 17-ти октомври 2021 година, околу 14:00 часот, за време на одржување на „Локални избори 2021“, откако го остварил своето гласачко право на избирачко место во селото, го искинал гласачкото ливче и го фрлил до гласачката кутија, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 44