Охрид, 24. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – И оваа седмица продолжи реализацијата на показните вежби за примена на оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во училиштата во Охрид и Дебрца, информираат од охридскиот Црвен крст.
– Во понеделникот евакуација од училишната зграда увежбуваа учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во селото Лескоец, ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, а денес симулациска вежба за евакуација, според соодветно сценарио се реализира во основното училиште во селото Мешеишта, Дебрца и во ОУ „Наум Охридски“ во селото Пештани, додаваат од Црвен крст.
На вежбата учествуваа соодветни тимови на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Црвен крст Охрид
Прочитано: 26