Скопје, 24. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.939 тестирања, при што се регистрирани 490 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 168
• Битола 41
• Прилеп 31
• Кавадарци 24
• Охрид 15
• Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани по 13
• Делчево 11
• Ресен и Валандово по 10
• Демир Хисар 9
• Неготино и Берово по 8
• Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7
• Тетово 3
• Македонска Каменица 2
• Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (57 и 78 години) и по едно починато лице од Делчево (83 години), Кочани (77 години) и Крива Паланка (84 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65-86 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 373 оздравени пациенти од:
• Скопје 165
• Прилеп 36
• Битола 27
• Крива Паланка 15
• Куманово 14
• Кочани 13
• Охрид 11
• Кавадарци и Кратово по 9
• Струмица и Неготино по 8
• Демир Хисар 7
• Штип, Ресен и Кичево по 6
• Гевгелија 5
• Велес, Берово и Радовиш по 4
• Тетово, Струга и Пробиштип по 3
• Виница 2
• Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство