Скопје, 25. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.708 тестирања, при што се регистрирани 473 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 246
• Битола 41
• Кавадарци 23
• Охрид 22
• Куманово 21
• Прилеп 18
• Кочани 13
• Велес 11
• Струмица и Гевгелија по 9
• Валандово 7
• Берово 6
• Штип 5
• Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица по 4
• Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар по 3
• Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци по 2
• Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68, 84 и 84 години), по 2 починати лица од Куманово (66 и 70 години) и Битола (77 и 79 години) и по едно починато лице од Тетово (69 години), Велес (89 години), Кавадарци (79 години), Крива Паланка (76 години), Пехчево (93 години), Ресен (76 години) и Демир Хисар (82 години). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89 години, сите лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 505 оздравени пациенти од:
• Скопје 230
• Битола 50
• Кавадарци 32
• Кочани 18
• Гевгелија 17
• Прилеп, Велес и Тетово по 16
• Крива Паланка 14
• Куманово 12
• Берово 11
• Неготино 10
• Штип и Кратово по 7
• Охрид и Радовиш по 6
• Кичево, Богданци и Виница по 5
• Струмица, Валандово и Гостивар по 4
• Ресен 3
• Пробиштип 2
• Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство