ноември 26, 2021

Скопје, 26. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.026 тестирања, при што се регистрирани 434 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 195
• Битола 41
• Прилеп 26
• Кавадарци 20
• Куманово 17
• Охрид и Берово по 12
• Тетово и Велес по 11
• Штип 9
• Кочани 8
• Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар по 7
• Гевгелија 6
• Струмица, Ресен и Валандово по 5
• Радовиш и Виница по 4
• Кратово и Македонска Каменица по 3
• Неготино 2
• Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46, 65, 79 и 79 години), 2 починати лица од Битола (83 и 84 години) и по едно починато лице од Велес (73 години), Кавадарци (72 години), Кочани (67 години), Делчево (70 години), Крушево (69 години) и Радовиш (76 години). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88 години, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Регистриран e 421 оздравен пациент од:

• Скопје 200
• Битола 33
• Куманово 22
• Делчево 21
• Кавадарци и Велес по 19
• Охрид 14
• Прилеп 13
• Штип и Кочани по 10
• Берово и Гевгелија по 9
• Пробиштип 6
• Радовиш и Неготино по 5
• Тетово и Крива Паланка по 4
• Виница и Кичево по 3
• Свети Николе, Демир Хисар и Ресен по 2
• Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука