Скопје, 29. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Стабилна е епидемиолошката ситуација и е разговарано за новиот сој кај нас, рече министерот за здравство во Владата на Република Македонија д-р Венко Филипче на денешната прес конференцијата.
Се’ уште нема доволно познати информации, иако СЗО вели дека овој сој е лесно пренослив.
– Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи. Соеви ќе се јавуваат и понатаму и остануваме со овие мерки кои се добро димензионирани, се става акцент на вакцинацијата. Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција, рече Филипче. (Крај)
извор: Тв24 фото: архива