ноември 29, 2021

Скопје, 29. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.245 тестирања, при што се регистрирани 118 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 93
• Кавадарци 11
• Битола 5
• Прилеп и Струга по 2
• Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 6 починати лица од Скопје (63, 68, 70, 71, 72 и 89 години), 3 починати лица од Струмица (71, 73 и 87 години), по 2 починати лица од Пробиштип (60 и 67 години) и Неготино (66 и 90 години) и по едно починато лице од Битола (81 години), Демир Хисар (87 години), Кочани (78 години), Кратово (79 години) и Штип (65 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61 до 88 години. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од:

• Скопје 175
• Битола 37
• Прилеп 26
• Кавадарци 16
• Штип 15
• Куманово 13
• Кочани 12
• Тетово 11
• Крива Паланка, Гевгелија и Берово по 10
• Велес 9
• Кратово и Делчево по 8
• Демир Хисар 6
• Охрид и Неготино по 5
• Валандово 4
• Свети Николе и Пробиштип по 3
• Струмица, Радовиш и Демир Капија по 2
• Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука