COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

460 нови случаи на Covid-19, девет новозаболени и 20 оздравени лица од Охрид

Скопје, 30. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.424 тестирања, при што се регистрирани 460 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 185
• Прилеп 54
• Битола 45
• Кавадарци28
• Берово 20
• Куманово 15
• Гевгелија 11
• Велес 10
• Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево по 9
• Кочани и Крива Паланка по 7
• Кратово 5
• Неготино и Валандово по 4
• Струга, Виница и Македонски Брод по 3
• Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран по 2
• Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63, 67 и 83 години), 2 починати лица од Битола (66 и 83 години), и по едно починато лице од Куманово (79 години), и Берово (69 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес (1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70 до 88 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од:

• Скопје 234
• Битола 54
• Прилеп 31
• Куманово 25
• Кавадарци 23
• Штип и Охрид по 20
• Кочани 15
• Велес 14
• Струмица 13
• Гевгелија и Ресен по 12
• Тетово 9
• Радовиш, Берово и Делчево по 7
• Неготино и Демир Хисар по 6
• Крива Паланка и Кратово по 5
• Кичево и Богданци по 4
• Струга 3
• Виница 2
• Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука