декември 5, 2021

Скопје, 5. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.720 тестирања, при што се регистрирани 276 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 130
• Битола 35
• Прилеп 17
• Охрид 14
• Куманово 13
• Штип 10
• Кавадарци 9
• Струмица 7
• Крива Паланка 6
• Тетово 5
• Кочани, Свети Николе и Пробиштип по 4
• Велес и Ресен по 3
• Гевгелија, Неготино и Богданци по 2
• Гостивар, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82 и 82 години), по едно починато лице од Свети Николе (68 години), Кратово (88 години) и Демир Хисар (55 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од:

• Скопје 111
• Битола 35
• Прилеп 22
• Кавадарци 18
• Штип 9
• Велес 8
• Куманово и Делчево по 7
• Кочани и Ресен по 6
• Берово, Виница и Кратово по 3
• Свети Николе 2
• Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука