Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Започна украсувањето на Охрид во пресрет на новогодишните празници.
Новогодишни реквизите веќе се поставуваат на кружните крстосници.
Од општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираа дека вообичаено ќе се украсува центарот на градот и по главните улици, за што се одвоени околу 20.000 евра, а покрај нови ќе се користат и реквизите од претходните години. Украсувањето на градот го врши ЈП „Охридски Комуналец“.
Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков неодамна изјави дека се најавени голем број туристи од земјата и странство кои новата година ќе ја дочекаат на охридското крајбрежје, па не смее да се дозволи градот да не биде украсен. Најави дека е предвиден и скромен настан на Градскиот плоштад со охридски изведувачи, кои ќе ги забавуваат туристите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес