декември 7, 2021

Охрид, 7. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти декември 2021 година, во 15:00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид го лишиле од слобода 34-годишниот Ф.Ч. од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик.

– Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука