декември 8, 2021

Скопје, 8. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.285 тестирања, при што се регистрирани 419 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 188
• Прилеп и Кавадарци по 35
• Охрид 28
• Битола 27
• Струмица 18
• Штип 14
• Куманово 9
• Велес и Радовиш по 8
• Ресен 6
• Кичево, Кочани и Берово по 5
• Тетово, Неготино и Делчево по 4
• Валандово 3
• Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово по 2
• Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (70 и 80 години) и Велес (72 и 74 години) и по едно починато лице од Куманово (88 години), Крива Паланка (72 години), Кочани (58 години), и Македонска Каменица (66 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 211 оздравени пациенти од:

• Скопје 135
• Битола 18
• Кавадарци 14
• Куманово 9
• Штип 7
• Охрид и Кочани по 5
• Велес, Кратово и Богданци по 3
• Ресен и Неготино по 2
• Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Струга и Свети Николе по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука