Белчишта, 10. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти декември 2021 година, во селото Велмеј, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода 43-годишниот З.Ј. од Охрид.
– При претрес во куќа негова сопственост, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка и вкупно 73 куршуми за автоматска и ловна пушка од различни марки и калибар, што нелегално ги поседувал. Тој бил задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 43