декември 15, 2021

Скопје, 15. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.562 тестирања, при што се регистрирани 326 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 145
• Прилеп 22
• Битола 21
• Кавадарци и Охрид по 15
• Струмица 14
• Штип 12
• Куманово 11
• Валандово 9
• Радовиш 7
• Велес, Кочани и Крива Паланка по 6
• Кичево, Гевгелија и Неготино по 5
• Тетово и Ресен по 4
• Свети Николе 3
• Берово, Пробиштип и Богданци по 2
• Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (77, 83 и 100 години), 2 починати лица од Прилеп (68 и 69 години) и по едно починато лице од Велес (71 години), Виница (57 години) и Кратово (53 години). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10. до 11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50 до 80 години. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови.

Регистрирани сe 242 оздравени пациенти од:

• Скопје 146
• Битола 19
• Охрид 10
• Прилеп, Кавадарци, Куманово и Велес по 8
• Штип 6
• Гевгелија 5
• Демир Хисар 4
• Струмица, Кочани и Делчево по 3
• Крива Паланка и Ресен по 2
• Радовиш, Кичево, Неготино, Пробиштип, Виница, Крушево и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука