Охрид, 16. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, во првата половина од декември, во Охрид се регистрирани 180 новозаболени лица од COVID-19.
Поголемиот дел од нив се регистрирани во втората недела од месецов. Се бележи зголемување споредено со првата половина на ноември кога имало 114 нови позитивни случаи.
За 15 дена во декември има 10 починати пациенти, а во текот на цел минат месец починаа четворица. Во анализираниот период има 242 оздравени лица.
Моментално во Охрид има 215 активни случаи на вирусот. И натаму нема притисок врз болничките капацитети, благодарение на високиот процент на имунизирано население. Повеќе од половината или 53,8% од вкупното население во Охрид е имунизирано со две дози вакцина против COVID-19. заклучно со 12-ти декември со две дози вакцина се имунизирани 61,1% од лицата над 12 години, односно 65,8% охриѓани над 18 години.
На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Охрид (Охрид, Струга и Дебар) вакцинирани се 41,5% од вкупната популација. Во Струга вкупниот опфат со вакцинација е 37%, а во Дебар 28,7% што и понатаму е меѓу најниските на државно ниво. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес