Охрид, 19. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 10 дена регистрирани се 103 новозаболени лица од Covid-19 во Охрид.
Во истиот период се пријавени 5 починати и 82 оздравени лица. Според последните, официјални податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, во Охрид од почетокот на пандемијата се регистрирани 6.661 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои активни се 228.
Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, на починати е 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес
Прочитано: 33