Охрид, 19. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска невообичаено сончево и пријатно време за овој период од годинава. Охрид денес на околу +4 степени живее облеан во прекрасното декемвриско сонце.
Сонцето „ги избрка“ охриѓани и гостите надвор од домовите и тие уживаа во прошетка по кејот или на кафе во некоја од кафитериите или рестораните покрај брегот на езерото.
Метеоролозите за денес најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.
– До крајот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат ниски, особено кон средината на неделата, кога на места ќе се спуштат под -10 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес