декември 20, 2021

Скопје, 20. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.766 тестирања, при што се регистрирани 127 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 90
• Охрид 9
• Битола и Штип по 6
• Кавадарци 4
• Струмица 3
• Прилеп, Ресен и Виница по 2
• Куманово, Кичево и Струга по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (74 и 85 години) и по едно починато лице од Кавадарци (78 години), Кичево (84 години), Неготино (71 години) и Штип (63 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11. до 18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 48 до 75 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистриран e 261 оздравен пациент од:

• Скопје 132
• Прилеп 28
• Битола 17
• Струмица 10
• Куманово 9
• Кочани 8
• Крива Паланка и Валандово по 7
• Штип и Пробиштип по 5
• Тетово и Делчево по 4
• Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово по 3
• Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод по 2
• Неготино и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука