декември 22, 2021

Скопје, 22. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.366 тестирања, при што се регистрирани 320 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 165
• Прилеп 26
• Охрид 18
• Кавадарци 16
• Битола 11
• Велес 10
• Куманово 8
• Струмица 7
• Тетово и Ресен по 6
• Гевгелија, Радовиш и Валандово по 5
• Кичево и Кочани по 4
• Штип и Берово по 3
• Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2
• Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56, 64 и 80 години), две починати лица од Кавадарци (29 и 59 години), и по едно починато лице од Велес (77 години), Охрид (72 години) и Ресен (72 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14. до 19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42 до 85 години. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 214 оздравени пациенти од:

• Скопје 120
• Кавадарци 19
• Битола 18
• Куманово 8
• Охрид 6
• Велес, Штип и Неготино по 5
• Прилеп, Тетово и Свети Николе по 4
• Струмица, Гевгелија и Пробиштип по 3
• Кочани 2
• Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука