Скопје, 23. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.449 тестирања, при што се регистрирани 269 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 142
• Битола 17
• Охрид 16
• Кавадарци и Струмица по 14
• Прилеп 13
• Велес 9
• Штип и Ресен по 7
• Валандово 5
• Тетово и Крива Паланка по 4
• Гевгелија и Неготино по 3
• Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2
• Свети Николе, Берово и Крушево по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (73 и 84 години) и по едно починато лице од Велес (71 години), Свети Николе (71 години), Кавадарци (69 години), Берово (68 години) и Радовиш (73 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11. до 19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57 до 93 години. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од:
• Скопје 165
• Прилеп 30
• Битола 29
• Кавадарци 24
• Куманово 12
• Охрид 11
• Радовиш 10
• Велес 9
• Струмица и Валандово по 7
• Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар по 6
• Кочани 5
• Крива Паланка, Богданци и Кичево по 3
• Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство