Скопје, 1. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.651 тестирања, при што се регистрирани 435 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 214
• Битола 36
• Охрид 25
• Прилеп 21
• Кавадарци 17
• Куманово 16
• Струмица 12
• Гевгелија и Ресен по 11
• Кичево и Неготино по 9
• Гостивар, Велес и Штип по 7
• Тетово 6
• Струга и Радовиш по 5
• Кочани 4
• Валандово, Богданци и Демир Хисар по 3
• Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (60 и 91 години), и по едно починато лице од Кичево (76 години), Битола (69 години), Македонски Брод (44 години) и Дебар (80 години). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 3 починати лица, 2 од Скопје (47 и 67 години) и едно лице од Кичево (87 години). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од:
• Скопје 233
• Битола 51
• Прилеп 32
• Велес 29
• Кавадарци 21
• Охрид и Тетово по 20
• Гевгелија 14
• Куманово и Струмица по 12
• Кичево 10
• Демир Хисар 9
• Кочани 8
• Штип 7
• Богданци и Македонска Каменица по 6
• Неготино, Валандово и Свети Николе по 5
• Струга, Радовиш и Виница по 4
• Гостивар, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево по 3
• Ресен 2
• Делчево, Дојран и Демир Капија по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство