јануари 2, 2022

Скопје, 2. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, при што се регистрирани 246 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 145
• Струмица 16
• Прилеп 14
• Штип, Охрид и Битола по 12
• Кавадарци 10
• Неготино 4
• Струга, Гевгелија и Куманово по 3
• Велес и Ресен по 2
• Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (63 и 86 години), и едно починато лице од Струмица (53 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (86 години), Тетово (78 години) и од Кичево (68 години). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од:

• Скопје 299
• Битола 47
• Прилеп 39
• Струмица 19
• Кавадарци и Охрид по 18
• Куманово и Велес по 15
• Штип 12
• Ресен 8
• Кочани и Гевгелија по 7
• Свети Николе 6
• Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар по 5
• Делчево 4
• Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука