Охрид, 9. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 10 дена во Охрид се регистрирани 271 новозаболени лица од Covid-19.
Во истиот период се пријавени 5 починати и 99 оздравени лица. Според последните, официјални податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, во Охрид од почетокот на пандемијата се регистрирани 7.082 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои активни се 396.
Досега во земјата се направени вкупно 1.648.399 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес
Прочитано: 19