јануари 9, 2022

Скопје, 9. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 11.479 тестирања, при што се регистрирани 1.396 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 790
• Битола 164
• Прилеп 80
• Кавадарци 41
• Куманово 31
• Охрид и Гевгелија 26
• Гостивар 24
• Кичево 22
• Велес 21
• Ресен 19
• Тетово 18
• Неготино 17
• Штип и Кочани по 16
• Струга 12
• Крушево 9
• Пробиштип 8
• Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7
• Валандово и Македонски Брод по 6
• Струмица 5
• Делчево 4
• Богданци и Пехчево по 3
• Виница и Кратово по 2
• Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар (78 години), Битола (79 години), Ресен (73 години), Прилеп (76 години) Штип (63 години) и Македонска Каменица (73 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 – 18.12.2021 година. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од:

• Скопје 199
• Битола 32
• Кавадарци 26
• Ресен 13
• Охрид 12
• Тетово 10
• Неготино 9
• Гевгелија 8
• Штип 6
• Куманово, Гостивар, Велес и Струмица по 4
• Кичево и Валандово по 3
• Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран по 2
• Струга, Свети Николе и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464, бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука