COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

813 нови случаи на Covid-19, 20 новозаболени и 38 оздравени лица од Охрид

Скопје, 10. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 5.165 тестирања, при што се регистрирани 813 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 549
• Битола 49
• Куманово 40
• Кавадарци 25
• Охрид 20
• Струмица 17
• Прилеп 16
• Штип 11
• Струга 10
• Гостивар и Велес по 9
• Гевгелија 7
• Кочани 6
• Ресен и Виница по 5
• Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип по 4
• Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар по 3
• Демир Хисар 2, Свети Николе и Валандово по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56, 74 и 78 година) и по едно починато лице од Тетово (78 година), Валандово (58 година) и Кичево (78 година). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 до 29.12.2021 година. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од:

• Скопје 498
• Прилеп 105
• Битола 58
• Охрид и Струмица по 38
• Велес 27
• Кичево 22
• Кавадарци 21
• Гевгелија и Валандово по 20
• Куманово и Ресен по 18
• Штип 16, Неготино 15
• Крива Паланка 11
• Радовиш и Делчево по 10
• Свети Николе 9
• Македонски Брод 8
• Тетово и Богданци по 7
• Кочани 6
• Демир Хисар 4
• Гостивар и Крушево по 3
• Струга и Македонска Каменица по 2
• Виница и Берово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука