ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Општина Вевчани Струга ТОП ВЕСТИ

Вевчани деновиве ќе пулсира во знакот на традиционалниот карневал

Вевчани, 12. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со отворање на Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, каде ќе се одржи и изложба со фотографии и уметнички слики од повеќе македонски автори, денеска започнува традиционалниот Вевчански карневал.

Деновиве Вевчани ќе пулсира во знакот на каревалските случувања. За разлика од лани, годинава ќе има и музичка програма за што се задолжени македонски изведувачи. Вечерва ќе настапи охридскиот DJ Face и Жаре бербер.

Можно е да е слика од текст кој вели „вевчански KAPHEBAN 2022 12.01.2022 среда) 12:00 свечено отворане на мултикултурниот центар "коста србакоски" вевчани -изложба на уметнички слики од аница китаноска, никола угриноски и владимир младеноски -културно уметнички програм на куд "дримкол" вевчани 21:00 музичка програма -21:00 Dj Face -23:00 жаре бербер 13.01.2022 (четврток) 20:30 музичка програма -20: 30 сана ристеска дамјан стораноски 23: 00 елена јовческа 00:00 дочек стара нова година 201:00 перо бели“

Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски друштва Горна и Долна маала, што ќе се одржи утре. Вечерта ќе настапат локалниот уметник Перо Бели, Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски, а со спектакуларен огномет, во рамките на манифестацијата, вевчанци и пристините посетители ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат новата година според стариот Јулијански календар.

Вевчани подготвено, утре започнува Вевчанскиот карневал

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14-ти јануари.

Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски очекува посетеност на карневалот, што е атракција прочуена и позната на далеку и повика на почитување на ковид протоколите.

– Би испратил апел да се почитуваат мерките. Вевчанските маски не сакаат никого да навредат, ги истакнуваат само позитивните и негативните страни, тие ја отсликуваат целата реалност што била во изминатата година, кај нас и во светот, вели Кочовски.

Вевчанскиот карневал според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука