Избор Општина Вевчани Струга ТОП ВЕСТИ

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Вевчани, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со васличарското оро и ритуалното палење на маските денес завршува Вевчанскиот карневал.

Ноќеска василичарите во духот на традицијата за бркање на лошите духови, во ноќните часови, во 2 часот по полноќ ги посетија Вевчанските извори.

Посетителите вчера уште еднаш беа сведоци на најголемиот театар на отворено. Вакцинални пунктови, талибанци во акција, инвестиции во струјата, пратеникот Кастриот Реџепи, беа само дел од маските што продефилираа низ вевчанските улици.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоини, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на „Австралија опен“, а не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помогнаа во гаснењето на пожарите во земјава. И годинава ги имаше неизбежните маски на зетот и невестата, глупавиот Август, ѓаволите.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот која се негува со векови и кој според своите специфични особини се одвојува од сите останати настани од овој тип во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука