јануари 14, 2022

Скопје, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.928 тестирања, при што се регистрирани 1.732 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 788
• Битола 159
• Прилеп 95
• Куманово 79
• Охрид 57
• Кавадарци 47
• Велес 45
• Кичево 38
• Тетово 35
• Штип 34
• Струмица 33
• Ресен 31
• Гостивар 30
• Неготино 29
• Гевгелија 27
• Кочани 26
• Радовиш 24
• Делчево и Крушево по 20
• Струга 18
• Валандово 16
• Демир Хисар 14
• Свети Николе 13
• Берово 12
• Богданци 11
• Крива Паланка 10
• Пробиштип 5
• Дебар, Виница и Кратово по 3
• Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 2
• Пехчево 1

Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68 и 88 години) и Велес (57 и 83 години) и по едно починато лице од Прилеп (84 години), Кавадарци (69 години) и Свети Николе (79 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-1 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021 до 11.01.2022 година. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од:

• Скопје 659
• Битола 114
• Прилеп 52
• Кавадарци 32
• Штип 22
• Куманово 18
• Тетово 11
• Охрид, Струмица и Неготино по 10
• Ресен, Гевгелија и Струга по 9
• Гостивар и Радовиш по 8
• Велес и Богданци по 7
• Крушево и Крива Паланка по 6
• Пробиштип 5
• Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар по 4
• Кочани 3
• Свети Николе 2
• Демир Капија и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука