COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

1.635 нови случаи на Covid-19, 38 новозаболени и 28 оздравени лица од Охрид

Скопје, 15. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.564 тестирања, при што се регистрирани 1.635 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 785
• Прилеп 121
• Битола 110
• Куманово 78
• Кичево 47
• Кавадарци 44
• Велес 41
• Струмица 39
• Гостивар и Охрид по 38
• Тетово 37
• Радовиш 28
• Штип 27
• Струга 25
• Гевгелија 23
• Кочани 21
• Неготино 20
• Ресен 17
• Крива Паланка, Валандово и Крушево по 11
• Свети Николе и Делчево по 9
• Берово 7
• Македонска Каменица 6
• Богданци и Македонски Брод по 5
• Виница и Пробиштип по 4
• Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево по 3
• Дебар 2

Од вкупниот број на позитивни (1.635), регистрирани се 184 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (50, 66, 66, 67, 83 и 85 години), 2 починати лица од Битола (62 и 69 години) и едно починато лице од Прилеп (77 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти од:

• Скопје 794
• Битола 114
• Прилеп 85
• Куманово 38
• Штип 31
• Охрид 28
• Гевгелија 27
• Кавадарци 20
• Кичево 19
• Гостивар 16
• Велес 15
• Кочани 13
• Тетово 11
• Делчево 10
• Ресен 9
• Свети Николе, Радовиш, Богданци и Крушево по 5
• Струга и Пробиштип по 4
• Неготино и Берово по 3
• Дебар, Виница, Македонски Брод и Пехчево по 2
• Кратово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 243.284, бројот на оздравени пациенти е 219.616, на починати е 8.092, а бројот на активни случаи изнесува 15.576. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука