јануари 16, 2022

Охрид, 16. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба, порачаа нуркачите од Нуркачкиот центар „Акватек“, кои оставаат зад себе година исполнета со бројни акции со кои редовно апелираа на совеста на граѓаните за важноста за зачувувањето на чистата животна средина.

– Се’ друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки, потсетуваат од „Акватек“ од Охрид.

– Стоп за пластика/чиста околина, потенцираат Игор Буловски и Никола Паскали кои на температура на водата од 7 степени Целзиусови ја спроведоа акцијата во водите на Охридското Езеро, кај Стар град.

Минатата година, тие спроведоа бројни ЕКО акции за чистење на дното на езерото од „подароците“ кои неодговорни поединци меѓу нас секојдневно му ги „подаруваат“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Акватек

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука