Охрид, 18. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – 67% охриѓани над 18 години се имунизирани со две дози вакцина против Covid-19.
Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 15-ти јануари со две дози вакцина се имунизирани 62,2% од лицата над 12 години, односно 54,8% од вкупната популација.
Моментално во Охрид има 581 активен случај на Covid-19, а и натаму е голем бројот на амбулантски прегледи.
На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Охрид (Охрид, Струга и Дебар) вакцинирани се 42,4% од вкупната популација. Во Струга вкупниот опфат со вакцинација е 37,8%, а во Дебар 29,5%.
На државно ниво заклучно со 15-ти овој месец „бустер“ доза имаат примено 117.521 лица, односно од еден до друг извештај трета доза примиле 9.212 граѓани. Меѓу охриѓани и понатаму забележлив е интерес за примање на трета доза вакцина против Covid-19.
На државно ниво, опфатот со две дози на вакцина против Covid-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,3%, односно 46,5% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,6%. Најголем број на вакцинирани лица (со прва или втора доза) е регистриран во 33-та недела од 2021 година. По седум неделно континуирано намалување на бројот на аплицирани дози во Република Македонија, оваа недела е зголемен бројот на аплицирани дози за 62,8% во однос на минатата недела (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес