Охрид, 22. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градоначалник д-р Кирил Пецаков е во изолација до 28-ми јануари, откако направените тестови покажале еден позитивен резултат, вечерта на 19-ти јануари, и еден негативен, два дена покасно, на 21-ви јануари 2022 година.
Пецаков сепак, додека да го добие резултатот од PCR тестот, бил на обележувањето на празникот Богојавление- Водици, каде беше во контакт со повеќе лица. Како што изјави, тој немал симптоми и тестот го направил за да може да патува во Банско, Бугарија.
За Државниот санитарен и здравствен инспекторат е спорен овој момент, и се повикуваат на владината Уредба од 22-ти април 2020 година, каде стои дека секој што се тестирал се задолжува со самоизолација додека се чека резултатот од тестирањето.
– Самоизолацијата преминува во домашна изолација, регулирана со решение од ДСЗИ, во оној момент кога лицето добива позитивен тест. Како гледате на тој момент, што на тој настан, присуствуваа илјадници граѓани? Тој дури имаше и средба со доста граѓани, функционери, амбасадори? Не можам да го коментирам. Тоа е неговото однесување. Јас само можам да ја образложам уредбата на Влада, изјави директорката на ДСЗИ за Алсат М. (Крај)
извор: Алсат М фото: архива