јануари 25, 2022

Охрид, 25. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Ок на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид преку соопштение до јавноста ја осудуваат хајката којашто се води против градоначалникот д-р Кирил Пецаков додека властите молчат за премиерот Ковачевски.

– Ја информираме јавноста дека се работи за политички монтирани случаи за градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески. Сагата продолжува со избрзани и неосновани кривични пријави од страна на СВР Охрид. По партиска директива не дочекаа ниту да им заврши изолацијата и покрај добиените негативни тестови, па да ги повикаат на информативен разговор. Прашањето е како успеаја да ги соберат информациите и податоците без изјави особено од засегнатите страни, за така да ја состават кривичната пријава и да ја достават до надлежниот јавен обвинител? Кривичните пријави не се ништо ново, туку продолжување на серијата за партиското делување на МВР. Доказ за тоа е дека Ковачевски и Зечевиќ ги изложија на ризик граѓаните, а за таквите чекори властите молчат. Зошто за МВР во овие случаи нема постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија? Факт е дека Ковачевски наместо во изолација при тестирање за патување во Бугарија беше пред камери, даваше изјави и се фотографираше на настани. Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, треба веднаш да поднесат кривични пријави за Ковачевски и Зечевиќ. потенцираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука