јануари 27, 2022

Скопје, 27. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 5.446 тестирања, при што се регистрирани 1.861 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 908
• Битола 115
• Кавадарци 100
• Куманово 88
• Тетово 75
• Прилеп 69
• Велес 54
• Струмица 50
• Гостивар 45
• Охрид 41
• Штип 37
• Гевгелија 34
• Неготино 32
• Свети Николе 23
• Кичево 22
• Струга и Ресен по 20
• Радовиш 18
• Кочани и Крива Паланка по 16
• Валандово 15
• Делчево 11
• Богданци 9
• Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево по 5
• Берово, Дебар и Македонски Брод по 4
• Пробиштип и Демир Хисар по 3
• Кратово и Крушево по 2
• Дојран 1

Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 починати лица од Скопје (68, 73, 77, 81, 82, 84, 84, 86 и 87 години), по 3 починати од Кавадарци (69, 78 и 88 години) и Битола (66, 67 и 73 години) и по едно починато лице од Демир Капија (73 години), Куманово (86 години), Неготино (87 години), Прилеп (22 години), Струга (76 години), Струмица (73 години) и Тетово (58 години). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 5 починати лица од: Охрид (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Гевгелија (1) на возраст од 39 до 90 години. Пријавените се починати во период од 17.01.2022 до 25.01.2022 година. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидит.

Регистрирани сe 7.273 оздравени пациенти од:

• Скопје 4.208
• Битола 582
• Прилеп 317
• Охрид 302
• Струмица 176
• Куманово 170
• Тетово 143
• Кавадарци 136
• Струга 107
• Гевгелија 105
• Велес 92
• Крушево 84
• Гостивар 82
• Кичево 72
• Валандово 71
• Штип 67
• Ресен 66
• Неготино 59
• Делчево 58
• Кочани 57
• Радовиш 54
• Крива Паланка 41
• Берово 34
• Кратово 31
• Свети Николе 25
• Демир Хисар 24
• Богданци 23
• Македонски Брод 17
• Виница 16
• Македонска Каменица 15
• Пробиштип 12
• Пехчево 9
• Демир Капија 8
• Дојран 7
• Дебар 3

Досега во земјата се направени вкупно 1.767.491 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука