COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

1.837 нови случаи на Covid-19, 31 новозаболени и две починати лица од Охрид

Скопје, 29. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.647 тестирања, при што се регистрирани 1.837 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 890
• Битола 104
• Кавадарци 95
• Куманово 81
• Тетово 68
• Прилеп и Струмица по 60
• Гостивар 45
• Неготино 42
• Велес 40
• Радовиш 36
• Штип и Гевгелија по 32
• Охрид 31
• Кичево и Кочани по 29
• Ресен 22
• Струга и Делчево по 21
• Крива Паланка 17
• Свети Николе 16
• Богданци 15
• Валандово 13
• Македоснки Брод 7
• Пробиштип и Кратово по 6
• Виница 4
• Берово, Крушево и Македонска Каменица по 3
• Демир Капија и Пехчево по 2
• Демир Хисар и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица: 7 починати лица од Скопје (61, 67, 67, 72, 82, 83 и 83 години), 4 починати од Куманово (69, 75, 80 и 90 години), 3 починати лица од Струмица (66, 71 и 78 години), по 2 починати лица од Охрид (48 и 69 години) и Кочани (78 и 82 години) и по едно починато лице од Прилеп (66 години), Битола (81 години), Велес (73 години), Штип (69 години), Свети Николе (72 години) и Пробиштип (80 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, нема пријавени починати лица.

Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од:

• Берово 26
• Скопје 22
• Кочани 13
• Пехчево 12
• Тетово 6
• Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево по 1

Направени се 6.647 тестови преку: ИЈЗ 454, ЦЈЗ Скопје 93, ЦЈЗ Битола 116, ЦЈЗ Прилеп 53, ЦЈЗ Тетово 12, ЦЈЗ Куманово 98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември 0, Институт за микробиологија 158, Жан Митрев (Филип Втори) 148, Авицена 280, Биотек 327, Систина 106, лабораторија Лаор 272, Синлаб 55, Ремедика 17, Плодност 77, Генеа 28, Никоб Лаб 723, ВФВ Медикал 158, Ели Медика 75, Ројал Медика 48, Спектра ММ-27, Рапид Лаб 38, Жан Митрев Струмица 28, Нова Лаб Дијагностика 35, Рамус 41, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180

Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука