Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јануари 2022 година, во 04:50 часот, во СВР Охрид приведен е 38-годишниот С.И. од селото Лешани, општина Дебрца.
– Тој, претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 32