Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за охриѓанец кај кого полицијата пронајде две ловни пушки, за кои немал дозвола

Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јануари 2022 година, во 05:45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид.

– При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново село, општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука