февруари 2, 2022

Дебрца/Охрид, 2. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид денеска ќе го одбележат 2-ри февруари, Светскиот ден на водните живеалишта.

Темата на годинашниот настан е „Кон подобро управување со Охридското Езеро, Студенчишко блато и Белчишко блато“.

Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети.

Свое обраќање ќе има министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, градоначалниците на Охрид, д-р  Кирил Пецаков и Дебрца Зоран Ногачески, а за значењето, заканите и мерките за слатководните живеалишта ќе говори д-р Орхидеја Тасевска од Хидробиолошкиот Институт од Охрид.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а ќе се одржи во просториите на идниот музеј на Белчишко блато, во селото Белчишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука