Скопје, 4. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.811 тестирања, при што се регистрирани 1.493 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 720
• Битола 90
• Куманово 87
• Кавадарци 72
• Тетово 54
• Струмица 44
• Прилеп 43
• Велес 41
• Охрид 40
• Штип 32
• Гостивар 31
• Свети Николе 25
• Неготино 24
• Гевгелија 23
• Кичево и Струга по 19
• Ресен и Радовиш по 16
• Кочани и Валандово по 13
• Богданци 11
• Македонски Брод 10
• Крива Паланка 9
• Демир Хисар 8
• Дебар, Виница и Кратово по 5
• Берово, Крушево и Македонска Каменица по 4
• Делчево 3
• Демир Капија 2
• Дојран 1
Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: 7 починати лица од Скопје (64, 68, 69, 72, 73, 74 и 79 години), 5 починати лица од Куманово (60, 65, 71, 77 и 78 години), по 3 починати лица од Охрид (74, 75 и 84 години) и Струмица (58, 73 и 75 години), по 2 починати лица од Тетово (65 и 83 години), Прилеп (79 и 84 години) и Битола (75 и 79 години) и по едно починато лице од Струга (72 години), Пробиштип (63 години), Кавадарци (78 години), Крива Паланка (76 години), Кичево (74 години), Гостивар (75 години) и Виница (67 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1). Починатите се на возраст од 63 до 82 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во периодот од 26.01.2021 до 31.01.2022 година.
Од вкупниот број на починати лица (n=39), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 39 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти од:
• Скопје 1.530
• Битола 184
• Куманово 166
• Струмица 85
• Кавадарци 82
• Прилеп 68
• Неготино 48
• Кичево 43
• Гостивар и Гевгелија по 42
• Радовиш 40
• Велес 37
• Тетово 33
• Ресен 30
• Кочани 29
• Штип 28
• Охрид 27
• Валандово 18
• Дојран 15
• Струга и Берово по 14
• Крива Паланка 13
• Делчево 12
• Богданци 9
• Демир Хисар 8
• Свети Николе 7
• Македонски Брод, Виница и Пехчево по 5
• Крушево 4
• Македонска Каменица и Пробиштип по 3
• Дебар, Кратово и Демир Капија по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.808.494 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 275.637, бројот на оздравени пациенти е 254.340, на починати е 8.533, а бројот на активни случаи изнесува 12.764. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство