февруари 6, 2022

Скопје, 6. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.695 тестирања, при што се регистрирани 1.045 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 557
• Куманово 57
• Битола 53
• Тетово 47
• Велес 41
• Охрид 39
• Прилеп 35
• Гостивар 33
• Кавадарци и Струмица по 32
• Кочани 19
• Штип 17
• Гевгелија 14
• Неготино 12
• Струга и Свети Николе по 11
• Кичево 8
• Ресен 6
• Кратово 4
• Делчево и Богданци по 3
• Радовиш и Валандово по 2
• Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (n=29), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица: 11 починати лица од Скопје (67, 74, 74, 76, 77, 77, 77, 77, 80, 83 и 85 години), 3 починати лица од Прилеп (71, 78 и 86 години), по 2 починати лица од Тетово (57 и 76 години) и Штип (65 и 79 години) и по едно починато лице од Кратово (81 години), Крушево (82 години), Неготино (85 години), Охрид (86 години), Ресен (64 години), Куманово (76 години) и Струга (69 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1). Починатите се на возраст од 64 до 82 години. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 до 02.02.2022 години.

Регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти од:

• Скопје 1.456
• Битола 288
• Прилеп 130
• Куманово 84
• Ресен 61
• Кавадарци и Кичево по 54
• Велес 35
• Штип 24
• Тетово 23
• Гевгелија 22
• Неготино 20
• Радовиш 14
• Охрид и Струмица по 13
• Гостивар, Кочани, Струга, Свети Николе и Крива Паланка по 12
• Демир Хисар 10
• Македонски Брод и Берово по 9
• Крушево и Пехчево по 6, Дебар 5
• Виница и Дојран по 4
• Делчево, Богданци и Пробиштип по 3
• Кратово и Валандово по 2
• Демир Капија 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука