Скопје, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.790 тестирања, при што се регистрирани 690 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 490
• Кавадарци 42
• Куманово 26
• Струмица 25
• Штип 20
• Гостивар и Охрид по 15
• Велес и Неготино по 9
• Битола 8
• Тетово 6
• Прилеп и Гевгелија по 4
• Кичево, Кочани и Дебар по 3
• Струга 2
• Радовиш, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по 1
Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (n=21), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 починати лица од Скопје (65, 66, 69, 70, 71, 73, 73, 76, 79, 87, 88 и 89 години), 2 починати лица од Охрид (79 и 85 години), и по едно починато лице од Гостивар (84 години),Струга (78 години) Куманово (66 години) и Битола (83 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 3 починати лица, Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43 до 68 години. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 до 05.02.2022 година.
Регистрирани сe 676 оздравени пациенти од:
• Скопје 460
• Прилеп 67
• Тетово 33
• Струмица и Охрид по 24
• Гостивар 21
• Кочани 14
• Струга 10
• Штип 6
• Македонски Брод 3
• Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци по 2
• Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство