Скопје, 8. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ќе разговара за можна промена на периодот на важење на сертификатите после прележан COVID-19.
Според моменталните мерки важноста на сертидикатот за прележаност на вирусот е 45 дена.
Портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ најави дека ќе се дискутира и големата смртност кај пациентите.
На дневен ред е и актуелната епидемиолошка состојба во земјава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 10