Охрид, 8. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во првите седум дена од февруари во Охрид се регистрирани 249 новозаболени од Covid-19.
Во овој период се регистрирани 213 оздравени пациенти, додека дури 10 починале како последица на компликации предизвикани од вирусот.
Моментално во градов има 291 активен случај на вирусот. Неделава е забележано благо намалување во бројот на амбулантски прегледи и хоспитализации.
Првиот месец од 2022 година Охрид го заврши со 1.107 нови позитивни случаи на вирусот, што е рекордна бројка за период од еден месец регистрирана од почетокот на ковид пандемијата.
Од денеска ковид решенијата за изолација на лица позитивни на Covid-19 и на нивни контакти во електронска форма се достапни преку vakcinacija.mk. Притоа секој граѓанин ќе има пристап единствено до своето решение, без да има увид во податоците на другите граѓани. Доколку немаат, потребно е граѓаните претходно да креираат профил на страната, по што ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за Covid-19 вакцинација или за прележан вирус. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес