Скопје, 9. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.153 тестирања, при што се регистрирани 1.554 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 825
• Тетово 82
• Куманово 70
• Кавадарци 62
• Битола 59
• Велес 51
• Прилеп 49
• Гостивар 44
• Струмица 33
• Охрид и Гевгелија по 32
• Неготино 30
• Кочани 21
• Штип и Кичево по 20
• Струга 16
• Свети Николе 15
• Ресен 12
• Берово и Валандово по 10
• Радовиш 9
• Крива Паланка и Делчево по 8
• Виница 7
• Кратово 6
• Богданци и Демир капија по 5
• Дебар 4
• Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 2
• Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.554), регистрирани се 216 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (n=34), 18 лица се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 12 починати лица од Скопје (62, 71, 73, 75, 75, 75, 81, 81г, 86, 88, 88 и 92 години), и по две починати лица од Битола (54 и 80 години), и Струга (76 и 84 години), по едно лице од Струмица (66 години), Штип (67 години), Прилеп (73 години), Охрид (81 години), Свети Николе (84 години) и Демир Капија (86 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 12 починати лица, Гевгелија (2), Гостивар (1), Богданци (1), Радовиш (1), Скопје (1), Македонска Каменица (1), Струга (1), Охрид (1), Свети Николе (1), Прилеп (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 59 до 80 години. Од пријавените лица 7 лица се починати во болнички услови и 5 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 до 06.02.2022 година.
Регистрирани сe 1.843 оздравени пациенти од:
• Скопје 1.227
• Битола 100
• Куманово 63
• Кавадарци 48
• Струмица 40
• Прилеп 34
• Велес 33
• Неготино 29
• Штип 28
• Гевгелија и Кичево по 26
• Охрид 24
• Тетово 21
• Кочани, Струга и Ресен по 16
• Радовиш 14
• Валандово 12
• Крива Паланка 11
• Свети Николе, Делчево и Виница по 8
• Гостивар 7
• Богданци и Пробиштип по 6
• Крушево, Македонски Брод и Дојран по 3
• Кратово, Демир Капија и Дебар по 2
• Демир Хисар 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.830.764 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство