февруари 12, 2022

Скопје, 12. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.342 тестирања, при што се регистрирани 1.222 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 649
• Битола 61
• Тетово 56
• Куманово 55
• Велес 50
• Кавадарци 49
• Гостивар и Прилеп по 35
• Струмица 34
• Охрид 26
• Штип 20
• Неготино 19
• Кочани 18
• Струга 16
• Кичево и Гевгелија по 14
• Радовиш 12
• Крива Паланка 9
• Македонски Брод и Делчево по 6
• Берово, Ресен, Свети Николе и Валандово по 5
• Богданци и Дебар по 4
• Демир Хисар и Виница по 3
• Дојран, Кратово, Пробиштип и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.222), регистрирани се 157 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (n=31), 9 лица се целосно вакцинирани, кај 30 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (62, 70, 73, 83, 84 и 85 години), 5 лица од Куманово (65, 67, 72, 81 и 85 години), 3 лица од Битола (70, 80 и 89 години), 2 лица од Охрид (53 и 62 години), по едно од Прилеп (85 години), Радовиш (81 години), Виница (61 години), Македонска Каменица (83 години) и Неготино (62 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 10 починати лица, Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 63 до 86 години. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 8 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во периодот од 03.02.2021 до 10.02.2022 година.

Регистрирани сe 1.502 оздравени пациенти од:

• Скопје 862
• Битола 118
• Куманово 78
• Кавадарци 54
• Тетово 51
• Велес 49
• Струмица 40
• Гостивар 33
• Кочани 31
• Штип 24
• Кичево 20
• Неготино 17
• Прилеп, Свети Николе и Делчево по 14
• Охрид и Радовиш по 10
• Гевгелија и Ресен по 9
• Богданци 8
• Демир Хисар и Македонска Каменица по 6
• Крива Паланка и Кратово по 5
• Валандово 4
• Струга и Виница по 3
• Берово, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.842.926 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 286.096, бројот на оздравени пациенти е 265.945, на починати е 8.736, а бројот на активни случаи изнесува 11.415. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука