COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

920 нови случаи на Covid-19, 16 новозаболени и едно починато лице од Охрид

Скопје, 13. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.338 тестирања, при што се регистрирани 920 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 502
• Битола 54
• Куманово 48
• Велес 40
• Тетово 35
• Прилеп 31
• Кавадарци 27
• Штип 24
• Кичево 20
• Струмица и Гостивар по 18
• Охрид 16
• Неготино 14
• Гевгелија 12
• Кочани 11
• Свети Николе и Крива Паланка по 8
• Струга 7
• Ресен 5
• Демир Капија, Виница и Дебар по 4
• Богданци и Кратово по 3
• Делчево 2
• Пробиштип и Радовиш по 1

Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 119 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 6 од Скопје (61, 66, 67, 72, 78 и 83 години), 2 лица од Битола (66 и 88 години), по едно од Охрид (91 години), Струмица (77 години) и Тетово (72 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти од:

• Скопје 1.039
• Куманово 47
• Битола 32
• Гостивар 16
• Штип 13
• Дебар 9
• Струмица 7
• Кочани и Ресен по 5
• Радовиш 3
• Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар по 2
• Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.846.264 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука