Скопје, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Covid-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во земјата. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.
Обединетото Кралство го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини, за оние кои ги признава (Moderna; Janssen (single dose vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech; Sinopharm Beijing; и Sinovac-CoronaVac), а EU Digital COVID Certificate за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022 година. Дополнително, невакцинираните лица се сметаат оние без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Janssen) или лица кои имаат примено вакцина чиј сертификат Обединетото Кралство не го признава, на пример Sputnik.
– Потсетуваме дека на државјаните на Република Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој. Државјани на Република Македонија може да влезат во Франција доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson. Условите се однесуваат на: да се поминати 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, 7 дена од трета доза вакцина Pfizer за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација, информираат од македонското Министерство за надворешни работи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива