COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

465 нови случаи на Covid-19, 11 новозаболени, едно починато и 30 оздравени лица од Охрид

Скопје, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.707 тестирања, при што се регистрирани 465 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 341
• Кавадарци 21
• Струмица 19
• Штип 15
• Куманово 13
• Охрид 11
• Прилеп 6
• Гостивар 5
• Велес, Струга и Гевгелија по 4
• Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по 3
• Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (465), регистрирани се 92 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 6 починати лица од Скопје (70, 71, 75, 80, 83 и 95 години), по две починати лица од Кочани (60 и 75 години), Неготино (78 и 88 години), Прилеп (72 и 77 години) и по едно од Велес (78 години), Кичево (66 години), Куманово (83 години), Охрид (93 години), Свети Николе (80 години), Струга (80 години), Струмица (76 години) и Штип (68 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.

Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти од:

• Скопје 1.181
• Кавадарци 81
• Куманово 68
• Битола 63
• Струмица 56
• Велес 55
• Гевгелија 39
• Прилеп и Охрид по 30
• Гостивар и Валандово по 29
• Кичево 20
• Тетово, Неготино и Радовиш по 19
• Штип и Струга по 18
• Крива Паланка 16
• Кочани и Свети Николе по 12
• Богданци 11
• Македонски Брод 10
• Ресен 8
• Делчево и Кратово по 7
• Берово 5
• Пехчево 4
• Виница, Пробиштип, Демир Капија и Дојран по 3
• Демир Хисар 2

Досега во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука